Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синоќешните протести завршија мирно-Денес се очекуваат нови!

Синоќешните протести завршија мирно-Денес се очекуваат нови!

Четврта вечер по ред во главниот град беше одржан протест на граѓанските организации. Неколку илјади луѓе мирно протестираа,  а на улиците во Скопје не дојде до инциденти.

Пред Владата на РМ, според проценките на известувачите, мирно протестирале неколку десетици илјади луѓе, а се поминало без инциденти.

Пред Владата се наоѓаше кордон од полиција кој на демонстрантите, кои дојдоа во две колони, им довозли да се спојат во една и да ги изнесат своите барања.

„Отвори ја капијата“ , скандираа граѓаните незадоволни од десетгодишната власт на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, кој лани постави ограда околу зградата на Владата.

Демонстрантрите најпрво се собраа пред Специјалното обвинителство да ја поддржат неговата работа, а потоа отидоа до зградата на Собранието каде пристапот го спречија полициски кордони со метални огради.

Барајќи ново место за собир собраните поминаа покрај блиската „Триумфална капија“ која ја обоија со јајца.

Центарот на Скопје го блокираа силни полициски сили, со многу полициски возила „хермелин“ и возила со водени топови.

Деомонстрантите се „надигруваа“ со полицијата така што се делеа во групи, па полицијата не успеваше веднаш да ги блокира сите места на кои одеа.

Антивладините протести се одржуваат во организација на 88 граѓански организации.

Денеска, според најавите на движењето „Протесетирам“ во 18 часот се очекуваат нови протести.

Слично

Поврзани вести