Синоќа приведен директорот на Паркинзи на Општина Центар
Директорот на Паркинзи на Општина Центар и член на СДСМ, Саша Богдановиќ синоќа бил приведен.
Како што информираат медиумите приведувањето се случило после натпреварот на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, а тој во изјава за медиумите обвини дека полицијата го тепала без никаква причина .
Вели дека полицијата не знаела зошто го привела. Додека го следел натпреварот МЗТ- Работнички, полицијата побарала да се тргне и откако прашал зошто го бараат тоа од него, почнале да го удираат без причина.
Богдановиќ претходно бил приведен во полициската станица Беко, каде што давал изјава, пишува 24 вести.мк.
Слично
