Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синоќа нападнат претседателот на ОО СДСМ од Центар

Синоќа нападнат претседателот на ОО СДСМ од Центар

Синоќа е претепан претседателот на Општинската организација на СДСМ од Центар, Саша Богдановиќ, информираат од оваа партија

Имено околу полноќ, во моментот кога Богдановиќ излегувал од својот автомобил, пред зградата во којашто престојува, две лица, со црни маски, веднаш го нападнале со метални шипки и го претепале.

Настанот се случил пред неколку очевидци и граѓани од околните згради.

Од нападот Богдановиќ се здобил со тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите тој итно е пренесен во Ургентниот центар во Скопје кадешто му е укажана медицинска помош.

Случајно, на местото на настанот се нашол полицаец кој брзо и професионално реагирал и успеал да приведе еден од напаѓачите.

СДСМ од МВР бара веднаш да соопштат кој е сторителот којшто бил приведен од совесниот полицаец? Дали е тоа извесен Младен Додевски?

Дали вториот напаѓач, кој побегнал, е Никола Митревски-Кољо?

Од СДСМ велат дека овие две лица, неодамна биле пуштени од затвор. Митревски, заедно со Александар Василевски-Нинџа, одлежале затворска казна од само една година за пукање во шест лица.

„Бараме МВР, официјално, веднаш да соопшти кој е вториот насилник и по чија нарачка е спроведен физичкиот напад врз Богдановиќ?

Според нашите информации, станува збор за дел од лицата коишто секојдневно се уфрлаат на протестите против власта за да провоцираат насилство. Целта на оваа група е да предизвикува немири за да се обесхрабрат граѓаните гласно да го искажат својот став против Никола Груевски.

Ниту на насилниците, ниту на Никола Груевски ова сценарио нема да им успее. Напротив, револтот кај граѓаните сè повеќе расте. Како што не успеаја црните сценарија на Милошевиќ и Чаушеску, така и во Македонија ништо не може да ги спречи граѓаните да се изборат за слобода и демократија.

Уште еднаш апелираме, граѓаните да не подлегнуваат и да не обрнуваат внимание на провокациите од страна на власта и нејзините насилници. Решително, мирно и достоинствено да го искажат својот револт против криминалната власт на Никола Груевски“, велат од опозицијата.

 

Слично

Поврзани вести