Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синиот воз на Тито прерасна во туристичка атракција

Синиот воз на Тито прерасна во туристичка атракција

Железници на Федерација на БиХ ќе дадат на користење дел од Синиот воз на Тито на националниот парк Уна за унапредуавње на туристичката понуда на најмладиот парк на природата во тој дел од Европа, пренесува ТВ 24.

Железници ветија дека на Националниот парк Уна ќе му дадат дел од Титовиот Син воз што се наоѓа во Рајловац, а кој сега е вон функција. Станува збор за најлуксузниот дел од возот - ресторан-вагонот што ќе биде поставен на железничката станица во Бихаќ.

Тој дел од Синиот воз ќе биде на располагање на туристички агенции за атрактивна панорамско возење низ Смарагдната долина. Возот како што е планирано ќе сообраќа на релација Бихаќ-Мартин Брод, низ срцето на Националниот парк Уна.


Слично

Поврзани вести