Сингапур: Поголем данок за богатите
Властите на Сингапур најавиле денеска дека ќе го зголемат данокот за пет одсто за најбогатите граѓани како повеќе би ги финансирале трошковите за социјална заштита.
„Маргинална даночна стапка за персоналниот данок на граѓаните кои годишно заработуваат повеќе од 320,000 сингапурски долари (256,000 амерички долари) од наредната година ќе се зголеми на 22 одсто на досегашните 20 одсто“, изјавил во сингапурскиот парламент министерот за финансии Тарман Шанмугаратнам, за време на презентацијата на буџетот за 2015 година.
Како што пренесува агенцијата Франс прес, поценките се дека овој раст на данокот ќе ги зголеми актуелните буџетски приходи од 61,35 милијарди сингапурски долари за додатни 400 милиони.
Владата на Сингапур во 2007 година воведе еден вид на негативен данок на добивка за граѓаните со мала заработувачка, додека сингапурскиот министер за финансии денеска најавил нов пакет за помош на сиромашните и старите граѓани во вредност од 350 милиони сингапурски долари годишно.
Набљудувачите велат дека ваков данок на владата има за цел да го намали се поголемото незадоволство меѓу граѓаните на Сингапур поради продлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните.
