Сингапур ја има најсреќната економија во светот
Сингапур стана најсреќната економија во светот, објави агенција „Блумберг“.
Сингапур изби на прво место, бидејќи има најнизок показател на „несреќа“, пресметува „Блумберг“.
Показателот се пресметува по формулата инфлација + невработеност. Годишната инфлација во Сингапур е 1,4 проценти, стапката на невработеност се намали на 1,9 отсто - пониско отколку во Тајланд, кој беше прогласен претходно за „најнесреќна земја"“ во светот.
Најнесреќна држава во светот останува Венецуела, која страда од рекордна инфлација.
Според податоците на „Блумберг“ во февруари 2016 година Украина била на петтото место на листата на најнесреќните економии.
Економистите прогнозираат забавување на растот на бруто домашниот производ на Сингапур оваа година до 1,8%.
Во 2015 година растот на БДП беше 2%. Тој е поврзан со падот на регионалната трговија и забавувањето на кинеската економија.
