Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатот за образование од САД го поддржува СОНК во штрајкот

Синдикатот за образование од САД го поддржува СОНК во штрајкот
Синдикатот за образование на САД денеска испрати писмо до Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) во кое изразува отворена поддршка за „спротиставувањето на промените во државниот Закон за основно и средно образование кои ефективно го поништуваат правото на штрајк“. „Во име на сите 1.6 милиони членови на Синдикатот за образование на САД, сакаме да изразиме поддршка за членството и лидерството на СОНК...Овие промени, кои од директорите на училиштата бараат смена на работниците кои штрајкуваат, директно ја прекршуваат Конвенцијата бр. 87 на Меѓународната организација на трудот односно „Слободата на право на организирање и заштита на правото на организирање“, стои во писмото потпишано од Лорета Џонсон, секретар на Синдикатот за образование од САД. Во писмото упатено до претседателот на СОНК Јаким Неделков, се нагласува дека повеќе од дваесет години, Македонија е потписник на Конвенцијата, која е стандард од суштинско значење. „Обидот на владата да ја заобиколи оваа основна обврска кон нејзините граѓани е неверојатен. Ви се придружуваме во Вашиот повик до Владата за отповикување на оваа незаконска мерка, и повторно враќање кон фер преговори како дел од социјалниот дијалог. Вашиот Устав јасно нагласува „Член 38: Правото на штрајк е гарантирано“. Синдикатот за образование на САД е горд што соработува со СОНК повеќе од десет години. Ќе продолжиме со нашата поддршка во борбата за тоа што е правилно за наставниците, учениците и нивните заедници како и за државата“, стои во писмото, кое е препратено и до американскиот државен секретар Џон Кери, македонскиот амбасадор во САД Зоран  Јолевски, американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и до високи претставници во американскиот Стејт департмент задолжени за состојбите во југоисточна Европа и почитувањето на работното законодавство.
Слично

Поврзани вести