Синдикатот побара 11 плати, Владата ќе пресече – кое е најповолното решение за работниците во ОХИС
Со последниот владин план, судбината на работниците во ОХИС ќе се запечати на владина седница кога тие треба да бидат прогласени за технолошки вишок, но допрва ќе се утврдува каква отпремнина ќе земат. Синдикалците од ОХИС побара Владата да обезбеди испратнини во сума од 11 плати, при што кога и ако ОХИС се продаде, заостантите 23 плати да ги плати новиот сопственик.
Според претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство, Пеце Ристевски, со Владата е договорено да се направи нешто со вработените во компанијата.
„Тоа ќе биде со упатување како технолошки вишок, а како некаква компензација за материјално преживување на овие наши работници, Владата ќе обезбеди средства за испратнина. Нивните права по однос на неисплатени плати и други побарувања од ОХИС остануваат да се решат со евентуална продажба на стратешки инвеститор или во стечајна постапка“, појасни Ристевски.
Најважно е да се најде најдоброто решение кое ќе биде поволно за вработените, смета министерот за финансии Зоран Cтавревски. Владата веќе го добила предлогот од Синдикатот на ОХИС, потврди тој.
„Верувам дека ќе се најде најдоброто решение за вработените. Ние во сите овие години водевме грижа за вработените, при обидите да се продаде компанијата, а така и ќе остане понатаму“, вели Ставрески.
Доминантен сопственик на ОХИС сега е Владата. За загубарот распишани беа 11 тендери за продажба, но не се најде купувач. Според синдикалецот Ристевски, вработените во ОХИС немаат земено 24 плати, придонеси и немаат сини картони.
Тие повеќе пати тие излегуваа на протести,како во кругот на фабриката, така и пред Владата барајќи решение за голготата и парче леб.
Слично
