Синдикатот на просветарите најавуви генерален штрајк на 20 јануари
Неисполнување на барањето за зголемување на платите, како и барањето за укинување на казните на наставниците воведени врз основа на екстерното оценување ја прели чашата кај Синдикатот за образование и наука.
Тие денеска соопштија дека од 20 јануари започнуваат со голем генерален штрајк, одлука која всушност претставува реактивирање на генералниот штрајк донесена во септември минатата година, кога беше ставен во мирување за да започнат преговори со надлежните министерства за барањата на просветарите.
Од синдикатот велат дека наставниците Ќе доаѓаат на работа ама нема да предаваат. Вака ќе се одвива штрајкот на 30 илјади професори кој ќе започне со завршувањето на зимскиот распуст.
Инаку штрајкот на професорите доаѓа во време кога се носат пет нови закони од образованието кои ги засегаат и професорите. Владата ги повикала да ги ислушаат предлозите, но не побарала став од СОНК. Синдикатот очекува во наредниот период да се зголемат притисоците со цел да се откажат од намерата да протестираат. Велат дека овојпат нема да попуштат и ќе одат до крај во исполнувањето на нивните барања. За најавениот штрајк добиле подршка и од меѓународните синдикални организации.
Слично
