Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатот на одбраната и безбедноста ќе протестира за повисоки плати

Синдикатот на одбраната и безбедноста ќе протестира за повисоки плати

Синдикатот на одбраната и безбедноста  ќе одржи протест во сабота пред Министерството за одбрана и Владата.

Бараат зголемување на платите од 20 % во оваа фаза, а потоа нивните плати да го следат изедначувањето на платите со припадниците на полицијата и царината, како и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата  од 1.200 денари.

„И покрај нашите обиди за подобрување на стандардот на вработените во МО и АРМ, односно зголемување на платите на вработените во МО и АРМ, не дојдовме до решение по пат на преговори, односно преку социјален дијалог со Министерството за одбрана. Како разумен социјален партнер оставивме доволно време, до 13 мај да седнеме на преговарачка маса и да најдеме начин за исполнување на горенаведените барања. За жал, до крајниот рок ниту Владата на Р. Македонија ниту Министерството за одбрана не покажаа доблест да разговараат за проблемите со кои се среќаваат припадниците на МО и АРМ“- велат од СОБ.

Доколку продолжи игнорантскиот однос кон нив, најавуваат штрајк.

Слично

Поврзани вести