Синдикатот на косовскиот телеком сака да ја спречи приватизацијата
Министерството за економија во Приштина денеска соопшти дека понудите за приватизација на косовската пошта и телекомот можат да се доставуваат до 3 декември по што ќе започне постапката за избор на најповолниот понудувач. Но, синдикатот во компанијата смета дека ниту работниците, ниту јавноста немаат доволно информации за процесот на приватизација. Синдикатот преупредува дека дел од компаниите учеснички на тендерот воопшто не се од телекомуникациската дејност заради што најавуваат дека ќе ги искористат сите средства за спрчување на приватизацијата. Со тендерот планирано да се приватизаира 75% од вкупниот капитал на Телекомот, а заинтересирани за комапнијата се доста звучни имиња како турски Turkcell, португалскиот телеком во соработка со Albright Capital Management, компанијата на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, потоа British Telecom, полскиот телеком, France Telecom и други.
Слично
