Синдикатот на Југохром бара итна средба со Емил Димитриев
Синдикатот на Југохром, денеска преку писмен допис побараа неодложна средба со премиерот на Македонија, Емил Димитриев.
Од синдикатот побараа средбата да биде најдоцна до понеделник и потенцираа дека стојат на располагање 24 часа во текот на денот достапни за потврдување на денот за средба.
„Синдикалната организација согласно последниот допис упатен со вас не доби повратен одговор и иако имавме во план во петок да правиме протест пред Владата на Македонија за да го искажеме нашиот револт и незадоволство кој ви беше и најавен, поради моменталната сложена политичка ситуација во која се наоѓа државата го одложуваме протестот да не ја влошиме уште повеќе политичката состојба во земјата“ - соопштуваат од Југохром.
Од синдикатот на Југохром соопштија дека сметаат дека премиерот како и постоечката Влада на Македонија до сега имале време да оформат став за работењето на Југохром.
„Ова е последно обраќање до вас и бараме да се произнесе Владата со дефинитивен став за Југохром кој јавно ќе го објавиме“ - додаваат оттаму.
Сметаме дека оваа влада имала секогаш агенда за развој на економијата и отворање на нови работни места, меѓутоа со нас вработените во Југохром се покажува спротивното, соопштија од Југохром.
