Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатот ја поздрави намерата на Владата за зголемување на минималецот

Синдикатот ја поздрави намерата на Владата за зголемување на минималецот

Најрепрезентативниот македонски синдикат ја поздрави владината намера уште еднаш да го подигне нивото на минимана плата во македонското стопанство, по она во октомври 2017-та кога минималецот на границата на 12.000 денари.

Од таму побараа во следните две години минималната плата да се зголеми до ниво од најмалку 60 отсто од просечната, што би значело да надмине 14.400 денари но и да се вгради во законот со скалесто зголемување, односно да не зависи само од владина одлука.

- Сметаме дека минималната плата треба да се врзе најмалку со 60 отсто од просечната плата во земјава, бидејќи сегашната плата не е доволна за достоинствен живот на граѓаните. Има работници што работат по 12 часа, а земаат едвај над минималната плата, вели Ристо Ајтов за Телма од Сојуз на синдикати на Македонија.

Премиерот Зоран Заев и денеска потврди дека Вадата веќе има намера на почетокот од годинава да ги започне транспарентно преговорите со синдикатите и работодавачите за зголемување на минималната плата.

- Тоа ќе биде транспарентен процес. Ќе преговараме со синдикатите и исто така со работодавачите. И медиумите ќе бидат вклучени за да известуваат за процесот, бидејќи ние сме солидарна држава. Ние веќе еднаш така направивме кога ја зголемивме минималната плата првиот пат, изјави премиерот Зоран Заев.

Всушност, Владата има намера преку растот на минималниот доход да поттине спирала на раст на просечната плата за која вети дека до крајот на нејзиниот мандат ќе изнесува 500 евра. 


Слично

Поврзани вести