Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатот ја поздрави можноста за подолг работен век

Синдикатот ја поздрави можноста за подолг работен век
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги поддржува новите законски измени со кои се предвидува пензионирањето да се одложи за три години - до максимални 65 години за жени и до 67 години за мажи. Првиот човек на ССМ Живко Митревски вели дека ваквите измени синдикатот ги барал уште пред четири години, затоа што со нив ќе се подобрел животниот стандард на работниците. Митревски вели дека Синдикатот не располага со бројки колку работници би биле подготвени да го продолжат работниот век, но смета дека ќе има интерес за тоа во сите сфери на економијата, без разлика на платата. ССМ ја поздрави и одлуката за законски измени со кои пензиско и здравствено осигурување да добијат и хонорарците кои работат со договор на дело или авторски договор.  
Слично

Поврзани вести