СИНДИКАТОТ ДО РАБОТОДАВАЧИТЕ: Вие сте виновни што бројот на вработени со минимална плата порасна на 100.000
Од најголемиот синдикат во земјава, ССМ, велат дека несовесните работодавачи се виновни што бројката на работници со минималмна плата во земјава порасна на 100.000 работници.
Причина за тоа, како што велат, е фактот што работодавачите навистина ја исплатуваат минималната плата, но паралелно не ги зголемуваа и другите плати, како што беше законски предвидено.
„Во 2011 година кога ССМ на први мај ја почна кампањата за потребата од донесување на Закон за минималната плата, 60.000 до 70.000 работници беа на границата или земаа плата во висина на минималната плата.
Денес, со зголемувањето на минималната плата, поради несовесните работодавачи и урамниловката која се направи, поради тоа што работодавачите наместо да ги почитуваат законите и колективните договори и спирално да ги зголемуваат останатите плати, тие спротивно на закон исплаќаат плата на работници само во висина на минималната плата, иако тоа е не законски, па така бројката на работници кои примаат минимална плата порасна на околу 100.000 работници“, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.
Тој нагласува дека на работниците им е потребно зголемување на минималната плата на 60 отсто од просечната, или таа да не биде помала од 16.976 денари, со што со две такви минимални плати би се покрила синдикалната минимална кошничка за едно четиричлено семејство и тоа само за најнеопходните прозиводи за преживување, а не да се оди само на нејзино усогласување.
„Па оттука усогласувањето нема да биде доволно, а истото според член 4 во Службен весник на Република Македонија се врши во март секоја година согласно параметрите: една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Македонија, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот, една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Пресметките на ССМ покажуваат дека согласно Критериумите за усогласување на минималната плата во март 2021, Минималната плата треба да се усогласи за 3,17 отсто.
1/3 Раст согласно ДЗС
1/3 на пораст на плата 2,77% 8,3%
1/3 на пораст на трошоци на живот 0,4% 1,2%
1/3 на порастна БДП / (0) /(0)
Вкупно 3,17 % 9,5%“, велат од ССМ.
Минималната нето плата сега изнесува 14.955 денари. Зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми и мимималната плата од 14.934 денари се зголеми за 21 денари, а со ова усогласувањето во март 2021 година нето минималната плата ке пораснене за 446 денари (15.401) или во бруто истата ќе изнесува 22.466 денари.„Потсетуваме дека намалувањето во минус на БДП согласно параметрите, не може да значи пораст и ги потсетуваме надлежните дека минусот на одреден параметар како што е случајот со БДП, во никој случај неможе да значи пораст или плус на бруто домашниот производ“, велат од ССМ.
Воедно потсетуваат на утрешната седница на Собранието да не се прави пазар на грбот на работниците и едногласно да биде изгласан петтиот пакет мерки кој содржи финансиска поддршка за исплата на платите од 14.500 денари до 21.700 денари за месеците февруари и март 2021 година.
