Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНДИКАТОТ БАРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НИКОГАШ ДА НЕ Е ПОНИСКА ОД 60 ОТСТО ОД ПРОСЕЧНАТА - само тоа ќе не спаси од растот на цените

СИНДИКАТОТ БАРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НИКОГАШ ДА НЕ Е ПОНИСКА ОД 60 ОТСТО ОД ПРОСЕЧНАТА - само тоа ќе не спаси од растот на цените

Сојузот на синдикатите на Македонија бара да се зголеми минималната плата, и законски да се утврди дека таа мора да дпојде до ниво од 60 отсто од просечната, особено сега во услови на огромен раст на цените.

Од Синдикатот, како што велат, во континуитет се залагаат и бараат зголемување на минималната плата, се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства.

„Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 отсто од просечната плата, а во таа насока ја разбираме и изјавата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000 денари и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63 отсто од просечната плата со што би се оствариле заложбите на синдикатот и барањата на работниците“, велат од ССМ.

Сметаат и дека во наредниот период треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 отсто од просечната плата, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата, преку што многу лесно ќе имаме зголемување и на просечната плата.

„ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, а со дискусијата ако минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000 денари, тогаш отприлика две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдиканата минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот“, велат од ССМ.

Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница, додаваат од синдикатот.

„Затоа, ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граганите“, потенцираат од ССМ.

Слично

Поврзани вести