Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНДИКАТОТ БАРА: Државната помош да оди директно на сметките на работниците и кривична одговорност за алчните газди

СИНДИКАТОТ БАРА: Државната помош да оди директно на сметките на работниците и кривична одговорност за алчните газди

Најголемиот синдикат во земјава, Сојузот на синдикати на Македонија, нема да отстапи од намерата и од своето барање - субвенциите за плати што ги дава државата, да одат директно на сметките на работниците, а не кај работодавачите, бидејќи се случуваат злоупотреби.

Синдикатот вели дека газдите кои зедоа државна помош, а не исплатија плати, се „алчни и себични, и дека се виновни што работниците ја започнаа новата година без плата“.

Недопустливо е работниците во време на Ковид-19 криза да останат без плати кои чесно си ги изработиле и без субвенциите обезбедени на наше барање од нашиот социјален партнер Владата, децидни се од ССМ.

„Алчните газди по петти пат оставија работници без никаква егзистенција, а иако УЈП овој пат дејствуваше веднаш, се покажува дека и тоа не е доволно и дека и покрај сознанијата и информациите во јавноста кои ги изнесуваме и ние и државните институции за одговорноста за овој вид на злоупотреби, повторно има работодавачи кои немаат милост ниту спрема работникот, ниту пак се плашат од државата и од казни.

Затоа, ССМ покрај паричните казни, бара и кривична одговорност, зошто законот е еднаков за сите и не познава газди, граѓани или работници, тој е еднаков за сите“, се вели во соопштението од Сојузот на синдикати на Македонија.

Ова следува откако голем број фирми и во ноември не ја исплатија платата на работниците, иако за тоа добија државна помош, а УЈП денеска треба да го објави списокот со газдите неплаќачи. 

Слично

Поврзани вести