Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатите највија протест, ќе ги бранат интересите на осиромашените работници

Синдикатите највија протест, ќе ги бранат интересите на осиромашените работници

Синдикатите излегуваат на протести. 

КСС на 15 април излегува на предупредувачки протест. Незначителното покачување на минималната плата, секојдневните откази за работниците и притисокот врз синдикалните организации ги натера правата да ги бараат преку протест. Бараат праведно покачување на минималецот и  надлежните да ги почитуваат сите закони. Велат дека македонските работници се осиромашени во време на пандемија, и доколку се на боледување трпат последици. 

„Официјално 50-60 илјади работници го изгубија работното место, неофицијално има уште 30-40 илјади што го изгубија работното место. Знаеме еве со уредбите уште колку работници во угостителството и туризмот ќе останат без работа,“ изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Според ССМ само за основни трошоци во март биле потребни 33.722 денари за едно семејство од четири члена.  Во март минималната плата се покачи за 200 денари. Сега изнесува 15.194 денари. Синдикатите бараа минималната плата да биде 60 отсто од просечната плата во државата. 

Во меѓувреме, трошоците за живот во Македонија растат. 

Слично

Поврзани вести