Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатите го поддржаа студентскиот протест закажан за среда!

Синдикатите го поддржаа студентскиот протест закажан за среда!
Мултиетничкиот синдикат за образование го поддржа првиот студентски марш, ќе го поддржи и вториот и ќе го повика  своето членство да земе учество на него-велат од МЕСО. Оттаму додаваат  дека  студентите доста пријатно ги изненадиле и професорите и целата јавност со својата решителност во одбрана на своите права, како и со начинот на своето организирање кое промовира демократски форми на студентско организирање, со што ја заслужиле нивната доверба. “Власта очигледно сериозно ги сфати студентите откако излегоа во толкав број. Претходно не ги сфаќаше сериозно, но по студентскиот марш сфати дека далеку попаметно и’ е да ретерира отколку да се држи до својата почетна позиција. Затоа и почна да тврди дека не сакала да воведува екстерно тестирање, туку државен испит, дека тоа немало да има реперкусии по професорите, дека нема да важело за сегашните студенти туку само за идните итн. Тоа е ретерирање од страна на власта, но студентите добро сфатија дека тоа не е никаква гаранција дека, по замирањето на отпорот, власта нема да ги протне во законот своите почетни замисли.Солидарноста е клучна синдикална и работничка вредност, што не се откажуваат од својата борба иако власта директно ги запраша зошто се бунат кога новите правила ќе важат не за нив, туку за идните генерации-вели Сузана Стефановиќ-претседател на МЕСО. МЕСО: Државниот испит ќе има реперкусии и врз професорите! Според претседателката на месо Стефановиќ, најавената реформа ќе ги оптовари студентите, од кои ќе се бара по втор пат да го докажуваат своето стекнато знаење. Тоа вели  не само што подразбира нивно омаловажување, туку значи и дека тоа време и енергија што тие ќе треба да ги потрошат за по втор пат да полагаат испит, нема да можат да го искористат за стекнување нови знаења. Дополнително, додава, сеуште е  нејасно  дали оваа мерка била за подобрување на квалитетот на високото образование? “Особено сакаме да нагласиме дека ова ќе има и евентуални последици и по професорите. Да, владата најави дека тие нема да бидат прозивани при несовпаѓање на оценките на студентите што тие ги дале и оние на „државниот испит“. Ама, ништо не гарантира дека тоа не е само тактичка отстапка на власта за слабеење на фронтот што го создадоа студентите и дека тоа навистина нема да биде внесено во законските одредби. Професорите мора да земат свое учество во одбраната на уставно гарантираната автономија на Универзитетот, како во одбраната на своето достоинство како професори. Најавеното државно тестирање ќе важи и за приватните универзитети. Тоа значи дека и студентите и професорите кои студираат и работат на овие универзитети се засегнати од овие најави. Ги поттикнуваме особено професорите и на приватните универзитети да дадат поддршка на маршот со свое присуство”-вели Сузана Стефановиќ од МЕСО. Таа потенцира дека надлежните не смееат да ги правдаат реформите во високото образование со проверка и обезбедување на квалитетот, бидејќи со нивното генерализирање дека на некои приватни факултети лесно се стигнува до оценка и диплома им се нанесува голема неправда на истакнати и докажани академски имиња. “И на приватните и на државните универзитети има професори кои сосема достојно и квалитетно си ја вршат својата работа. Со генерализацијата им се прави голема неправда ним и се обезвреднува нивниот труд, а против тоа ние, како синдикат, остро изразуваме несогласување”-истакнува Стефановиќ. Солидарност: Власта  не смее да ја омаловажи бројката на излезени студенти на првиот протест! Според Здравко Савески од “Солидарност”,  демократијата не значи дека Владата треба да им докажува на граѓаните колку е силна, туку колку има слух за јасно изнесениот став на јавноста. “Во секоја демократска земја, кога толкав број граѓани ќе излезат на протест против одреден предлог на Владата, таа има неформална обврска да отстапи од својот предлог бидејќи,  додава, никоја влада не може да тврди дека е демократска, ако така не постапи. И не смее никако да се омаловажува бројката на излезени студенти, зашто не само што тој број беше голем, туку и ќе беше уште поголем ако на него присуствуваа и оние студенти што објективно беа спречени да учествуваат на протестот, оние студенти кои не слушнале дека има протест и оние студенти кои не излегоа од страв од реперкусии за себе или за своите родители”-вели Савески. Тој потенцира дека на  првиот студентски протест било  забележливо дека и покрај тоа што имало студенти и од приватните универзитети, сепак нивниот број не бил  голем. Савески напоменува дека не треба да  има заблуда, бидејќи  замислите на власта за „државен испит“ ќе се однесуваат и на приватните универзитети. Од тука, вели е несфатливо зошто нивниот број и нивната излезност била мала. “Студентскиот марш, неочекувано за никого, ниту за самите активисти ниту за власта, испадна многу масовен. И тоа во оваа атмосфера во која многумина сметаат дека битката од старт е загубена и дека со присуство на протести не може ништо да се промени. Студентите го докажаа спротивното. И мора да бидат пофалени за тоа”-апострофира Савески. Студентите завршува, почнаа да ја враќаат вербата на граѓаните во сопствените сили и дека не е бесцелно излегувањето на протест, бидејќи може и буквално да испадне, а не само празна флоскула, дека студентите се “нашата надеж”. С.Б.
Слично

Поврзани вести