Синдикалците бараат повлекување на законите за администрација
Синдкикатите бараат целосно повлекување или ставање во мирување законите за вработените во јавниот сектор или административните службеници и измените во Законот за култура.
Со вакви барања излегоа денеска синдикатите на управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија, самостојниот синдикат на новинари, конфедерацијата на синдикалните организации и многу други здруженија потписници на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права.
Според овие организации една од најлошите измени е барањето сите административни службеници да мора да донесат сертификат за познавање странски јазик и компјутер, без оглед на тоа дали имаат контакт со странки.
Сертификатите ќе важат две години, а службениците ќе си ги плаќаат сами. Оние кои нема да достават сертификат ќе бидат казнувани со уназадување еден степен понисо работно место и парични казни од 5 до 20 отсто од платата. Ако службеникот добие најниска оценка, го губи работното место.
Синдикатите сметаат дека измените во законот се против уставни и не се реформски и велат дека јавниот сектор е под лупа на Владата, што според нив е недемократски.
Тие порачаа дека доколку законите не се повлечат, тие ќе излезат на протести.
Слично
