Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикалниот лидер Митревски доби рок од една недела од стечајците

Синдикалниот лидер Митревски доби рок од една недела од стечајците
Стечајците од УНИТ му дадоа рок од седум дена на првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко  Митревски да се сретне со нив. Во спротивно, велат дека ќе ја блокираат работата на регионалниот синдикат и ќе ги избркаат синдикалните службеници во Куманово. „Ќе ги исфрлиме па нека знае цела Македонија дека нема синдикат во државата, дека тоа се само залажувања и збогатување на челниците на синдикатот на грбот на работничката класа“, вели Лилјана Георгиевска претседателка на здружението УНИТ. Стечајците сакаат Митревски лично да дојде во Куманово за од него да побараат оставка затоа што сметаат дека тој не ги штити правата на работниците. Најавуваат дека идната недела ќе ја блокираат и канцеларијата на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Незадоволните стечајци протестираат затоа што не се опфатени ниту со последните измени во законот за материјално обесштетување, со кој се предвидува паричен надомест од 7.100 денари месечно до пензионирање или ново вработување.
Слично

Поврзани вести