Синдикалната пресметка покажа: Солта поскапа за 10 денари, маслото за јадење за 4 денари
Синдикалната пресметка за брзо време регистрираше значително поскапување на некои основни прехранбени продукти по првото поскапување на дизелот и бензинот на почетокот на оваа недела.
Така, јас солта има раст на цената за 10 денари, според пресметката што ја прави ССМ. Маслото за јадење е поскапено за 4 денари. Регистриран е раст на цената на јајцата за 7 денари, а овошјето и зеленчукот е поскапо за 2 денари по неколку изминати дена.
Минимална плата од 600 евра и раст на сите останати плати за 100 евра се барањата на ССМ. Сметаат дека ваквото барање е оправдано, затоа што третина од вработените живеат со плата под 30 илајди денари. Колку повеќе излезат на улица, толку побрзо ќе растат платите.
Слично
