Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНДИКАЛНАТА КОШНИЦА ЗА ЈУНИ ТЕЖЕЛА 34.212 ДЕНАРИ - со просечната плата едно четиричлено семејство покрило 82 отсто

СИНДИКАЛНАТА КОШНИЦА ЗА ЈУНИ ТЕЖЕЛА 34.212 ДЕНАРИ - со просечната плата едно четиричлено семејство покрило 82 отсто

Еве колку пари му требале на едно четиричлено семејство во јуни за да преживее. Станува збор за 34.212 денари, колку што во тој месец тежела синдиалната минимална кошничка.  

Според информациите од Сојузот на синдикати на Македонија, елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница за јуни се исхрана и пијалоци, на кои отпаѓаат 14.547 денари, домување 10.800 денари, хигиена 2.378 денари, превоз 2.508 денари, облека и обувки 2.176 денари, култура 1.067 денари, и одржување здравје 732 денари.

„Просечно исплатена нето плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, била 28.438 денари“, наведуваат од Сојузот на синдикати.

Според пресметките, просечната нето плата во јуни покрива околу 82 отсто од трошоците на четиричлено семејство.

Синдикалната кошница се пресметува за четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Во пресметката на синдикалната минимална кошница се вклучени трошоци од седум групи: исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура и одржување и здравје.

Слично

Поврзани вести