Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНДИКАЛНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА „ТЕШКА“ 2.010 ЕВРА: Ова е состојбата во земја од регионот

СИНДИКАЛНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА „ТЕШКА“ 2.010 ЕВРА:  Ова е состојбата во земја од регионот

Синдикалната потрошувачка кошничка во Црна Гора во вториот квартал годинава изнесуваше 2.010 евра. 

Синдикалната потрошувачка кошничка од април до јуни, изнесуваше 2.010 евра, објави Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора.

Ова претставува зголемување на трошоците за живот од 0,5 проценти, или 10 евра, во споредба со првиот квартал од оваа година, објави РТЦГ.

Во соопштението за медиумите се истакнува дека најновото истражување на Центарот за образование, информации и синдикални истражувања покажува дека  се потребни две просечни плати за едно четиричлено семејство во Црна Гора да ги исполни минималните услови за достоинствен живот. 

Слично

Поврзани вести