Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикалецот Митревски до стечајците: „Не прифаќам уцени!“

Синдикалецот Митревски до стечајците: „Не прифаќам уцени!“
Синдикалниот лидер Живко Митревски не одговара директно дали ќе се сретне со стечајците од здружението УНИТ кои во Куманово побараа средба со него за да го искажат своето незадоволство од начинот како ги штити нивните права. „ССМ како и сите институции во Македонија не работат со условувања и уцени. Одобруваме обид за решавање на проблемот но на еден рационален и институционален и начин кој е вообичаен и во тој правец размислуваме да ги насочиме нашите активности“, изјави Митревски. Стечајците се заканија дека ако тој не прифати средба со нив во рк од 7 дена, ќе ја блокираат работата на општинската синдикална организација во Куманово и ќе ги избркаат од таму синдикалните претставници. Претходно, Митревски објави дека вкупно 3.633 работници се пожалиле во ССМ минатата 2013 година дека им се прекршуваат работничките права. Ова е зголемување за речиси 1/4 во однос на претходната 2012 година. Најмногу поплаки имало за неисплатени плати, придонеси и надоместоци. „Најголем број на обраќања се од Синдикатот на работниците од угостителство, туризам, комунално-станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва“, открива првиот синдикалец.
Слично

Поврзани вести