СИН ЈАЗИК ЗЕМА ЗАМАВ: добиточниот фонд на удар, ќе има недостиг од месо и млеко?
Состојбата со болеста син јазик кај добитокот станува алармантна. Надлежните велат дека вкупната бројка на угинати животни досега е над 2.000, а болеста најмногу ги има покосено овците. Болеста е присутна во 42 општини и има 720 жаришта, каде вкупно се заболени од 10.000 животни. Според проценките бројката на угинати животни се очекува да достигне околу 5.000. Се очекува болеста да почне да смирува дури следниот месец, кога и животниот век на преносителите односно мушичките се намалува.
- Состојбата е сериозна а најкритично е во источна Македонија каде што има најмногу жаришта. Ограничувањата за забрана на движење на добиткот секаде важат а сите добиточни пазари се затворени. Ветеринарните доктори се постојано на терен и состојбата се следи. Ние уште кога се појави болеста побараме од општините прскањето против комари да го спроведат порано од планираните рокови, според нашите информации некои општините веќе прскале, но некои не. Секако дека прскањето против комарци нема да ја спречи појавата и ширењето на болеста, но сепак во некоја мера ќе ја ублажи. Остануваат препораките за фармерите да го отстрануваат органскиот отпад на кој обично се собираат мушичките, да ги чистат редовно фармите, хигиената да ја држат на високо ниво, одвоено да ги чуваат заразените животни и да им даваат витаминска терапија. Не очекувам дека ќе има ценовни шокови во однос на крајните производи, вели за Фактор директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.Бидејќи следниот месец е мулиманскиот празник Курбан Бајрам кога се заколува добиток повеќе од вообичаеното, од Агенцијата велат дека можно е да се направат некакви остапки од ограничувањата на движењето на животните заради празникот. Во меѓувреме добиточните пазари остануваат затворени се додека болеста комплетно не се повлече. На удар добиточниот фонд, ќе има ли недостиг од есо и млеко? Болеста син јазик ќе доведе до одредено намалување на веќе намалениот број на добиток. Податоците покажуваат дека во изминативе години бројот на овците, говедата и козите се намалува. Посебно е загрижувачка состојбата со овците, од 817 илјади овци во 2009 година, лани бројката е намалена на 730 илјади овци. Благ пад е регистриран и кај говедата, ако во 2009 година имало 253 илјади говеда, лани бројот е намален на 250 илјади говеда. Со оглед на тоа дека од болеста син јазик најмногу има угинато овци, сточарите стравуваат дека поради намалената бројка може да потфрли извозот на јагниња. Не се исклучува можноста да има и намалено производство на месо и млеко. Засега не се знае дали состојбата на евентуална намалена понуда ќе придонесе за зголемување на цената на млекото и месото. Фармерите не ја исклучуваат можноста за ценовни шокови, но велат дека нема да се случи ако побрзо болеста се стави под контрола.
- Што се однесува до бројот на овците, секако дека ионака се има тенденција кон намалување на бројот на овците, така што ваквата болест како син јазик ќе придонесе до драстично намалување на бројот на овците, бидејки иако болеста на бира каква овца ќе заболи, но да се спомене дека во овој период најповеќе се зафатени овците кои се во добра кондиција и во репродуктивна фаза, овци кои се во период на добра лактација и овци кои треба да дадат одржливост на стадото и секако сточарите кои очекуваат јагниња во рана пролет. Што се однесува до месото, млекото, сирењето, недостиг на месо може да се очекува и тоа на јагнешко месо, каде ќе имаме помала понуда на пазарот а и сточарите ќе сакаат да го обноват стадото и така ќе бидат во состојба да остават поголем број на женски јагниња. За млекото и сирењето нема да се појави недостиг од причина што во моментот кај овците лактацијата е при крај, а и самата побаравучка ќе се намали поради економската состојба на граѓаните и нивната слаба платежна моќ. Додека пак преработувачите на млеко (млекарниците) имаат свои залихи на овчо сирење и кашкавали, нема да одат со зголемување на овие продукти се со цел да ги задржат своите потрошувачи (муштерии). Се на се доколку брзу се стави ова болест под контрола не треба да се очекува пореметување и придвижување на цените на млеко и сирење кон покачување, но пак доколку ова ширење на болеста потрае подолго пред да се искорени тогаш е можно да има одредени покачувања, но од ова болеста секако најголема штета ќе имаат сточарите а што би се рекло секундарен ефект би го имал пазарот, вели за Фактор, Трајан Димковски од “Рурална Коалиција”.Хигиената клучна за справување со болеста Докторите по ветринарна медицина апелираат фармерите да ги применуваат препораките на ветеринарите за заболените животни да одржуваат високи гигиенски услови во фармите, бидејќи тоа е клучно за справување со болеста.
Оваа болест е секако штетна за животните , но не како шапот и лигавката, значи не е некој многу страшна болест за животните и за луѓето.Она што е најважно вирусот не се пренесува кај луѓето. Превентивните мерки за справување со овој вирус се пред се кај сопствениците. Вирусот не може да се уништи, но постои т.н симптоматска терапија која вообичаено ветеринарите ја даваат и која можат сточарите да ја побараат. Но самите сопственици на фармите треба редовно да ги чистат фармите зада не се задржуваат инсекти, потоа да вршат дезинсекција на самите штали и нанесување на т.н репиленти кои ги одбиваат мушичките да не дојдат до животното. Кај нас има фармери кои ги применуваат овие препораки но има и такви кои не ги применуваат, сепак тоа до самите сточари, ако не сака да му заболат животните ќе ги применува, ако не тогаш штетата е на сточарите ,животното ќе заболи и ќе има помала продукција, вели професор д-р Славчо Мреношки од Факултетот за ветеринарна медицина.За болеста постои вакцина, но во моментов е комлицирано бидејќи постојат околу 25 видови на вирусот. Годинава поради обилните дождови имаше идеална полога за развој на овие мушички , велат експертите. Во земјава последен пат овој вирус бил регистран пред 13 години. Експертите велат не може со сигурност да се трвди дека болеста нема да се појави и следната година, но тогаш животните ќе имаат веќе имунитетет и полесно ќе го прележат вирусот, освен ако не дојдат друг вид на мушички. Смртноста од вирусот син јазик во светски рамки се движи од 3 до 4 отсто. Најголеми штети ќе претрпат сточарите, кои ќе се соочат со намаленопроизводство или угинување на животните. Засега не е познато дали ќе има обештетување за сточарите кој имаат штети од оваа болест. Ј.С
Слично
