Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Симпо“ во долгови кон српската држава, се бара инвеститор за спас

„Симпо“ во долгови кон српската држава, се бара инвеститор за спас
Индустријата за мебел „Симпо“ - Врање и должи речиси 51 милион евра на српската држава. Сепак државата нема да инсистира на преземање на оваа компанија и отворање на стечајна постапка, вели првиот потпретседател на српската Влада Александар Вучиќ. Наместо тоа, се бара стратешки инвеститор кој некогашниот гигант за производство на мебел ќе го врати на нозе и со инвестиции ќе го одржи производството. Најсериозен кандидат за ваков стратешки партенр е руската компанија „Дело“ со која „Симпо“ преговара веќе една година. Во последните четири месеци во преговорите се вклучила и српската Влада. „Не велам дека ќе тече мед и млеко, но ова што го кажувам е ветување кое можеме да го исполниме. Бараме една работа од потенцијалниот инвеститор - да не го намалува бројот на вработени во „Симпо“, а за да се овозможи тоа државата ќе помогне со отпис на своите побарувања и со дополнителни посебни стимулации“, најави Вучиќ.  
Слично

Поврзани вести