Економија, финансии, бизнис

Контакт

Симоне Филипини се приклучи на „Шарената револуција“

Симоне Филипини се приклучи на „Шарената револуција“

И поранешната холандска амбасадорка, Симоне Филипини се приклучи на „Шарената револуција“ пред СЈО.

Мотото на протестот е „Шарени сме, убави, слатки ко бонбони сме“.

1

„Со секое нивно заплашување стануваме побројни, похрабри и поистрајни во борбата. Нашите другари, борци за човекови права, се’ уште се држат во притвор, а останати демонстранти се приведуваат и легитимираат. Но тоа нема да не’ спречи и нема да ја намали одлучноста која секојдневно се гледа низ улиците. Како што не може да се уништи идеја, така не може да се угуши разбудениот граѓански револт. Промената за која се зборува е веќе тука, таа промена сме ние, освестените граѓанки и граѓани. Тука сме, остануваме на улица до целосно разрешување на кризата и ќе бидеме тука и при градењето на новите демократски вредности“ - порачуваат од „Шарената револуција“.

Ова е 49-ти ден како се одржуваат протести во Скопје поради одлуката за аболиција на претседателот, Ѓорѓе Иванов.

Демонстрантите денеска напладне блокираа крстосници во Скопје во знак на револт.

Слично

Поврзани вести