СИМОНА СПИРОВСКА, АКТЕР: Аболицијата беше последен шамар за будење на гневот!
Понеделник, нов почеток за Шарената револуција! Веќе трета недела на улиците на Скопје се одржуваат протести против одлуката на Иванов за аболиција на лица вклучени во криминали и против спроведување на избори по секоја цена. Ова демонстрантите велат е борба против авторитарниот и корумпиран режим. Незадоволството тлее со години, поради хипокризијата која секојдневно го нагризува општеството, културата, уметноста, економијата. Актерката Симона Спировска која редовно е во првите редови на антивладините протести вели дека аболицијата беше последниот шамар за будење на гневот кај граѓаните, кои делат исти ставови и стравови со кои живеат со години. Не мислиме исто -вели Спировска, но тоа и не се бара од нас. Секој од нас, како што вели, си има ветување пред себе, не пред Сендвич-Партијата.
“На улиците на Скопје но и низ земјава веќе неколку години се изразува незадовоството од грешките на оваа власт. Да не заборавиме дека револтот од проектот ,,Скопје 2014”, не е од денес. Уште со најавувањето на проектот граѓаните, меѓу кои најгласни беа студентите од Архитектонскиот факултет, предупредуваа на штетите од овој луд проект. Потоа ни се сервираа незначајни, но многу скапи идиотштини. Потоа беше Мартин Нешковски, па Кежаровски, па Младенов, па Тамара, па снимките...сето тоа проследено со законите донесени преку ноќ за да си направат терен за оправдување на направениот криминал и преплатените проекти кои нe исцрпија економски. Пред две недели Ѓорѓе реши да им прости на оние за кои слушнавме дека покрај тоа што не’ пљачкале, работеле против државата и биле подготвени секој еден кој не се согласува со нив да го пратат во ендек! Аболицијата како да беше последниот шамар за будење. Не’ обедини. Тоа е пораката која се испраќа деновиве. Заедно сме! Различни, но заедно. Делиме ставови и стравови”-смета актерката Спировска.
Уметноста според неа одамна го загуби своето суштинско значење бидејќи почна да му служи на режимот кој направи политичка пресметка со неистомислениците. Партизацијата, нефункционалноста и недовербата кон институциите, притисокот, заканите и стегите во кои е оковано општеството, ги извади на улица граѓаните од секој сектор. Повиците да се сотрат неистомислениците, бидејќи тие и мислат лошо на Македонија,според актерката се многу логичен параван зад кој се кријат валканите пари со кои се расфла режимот за да опстои.
“Коренот на нашите проблеми е тоа што дозволивме бесрамно да се гази по Уставот, на штета на граѓаните. Се надевам дека од ова ќе излеземе позрели и политички освестени. Само така ќе се заштитиме и нема да дозволиме овие десет години да ни се повторат. Смешната изјава за укинување на невладини организации и политички партии, но времено до изборите за да си обезбедат сигурен пат до лажирани, недемократски избори не сакам ни да ја коментирам. Не можам да коментирам изјава на припадник на движење ГДОМ за чие постоење мислам дека е бесмислено. Исто како што мислам дека ,,контрашите” не знаат баш и за што протестираат”- додава актерката.
Во трката за изборите, дали да се реализираат или не , партиите како да заборавија на младата прогресивна сила која ни заминува пред нос, а од друга страна не се прави ништо да се задржи дома. Власта пак не отстапува од избори по секоја цена.
“Сите грешки кои власта ги прави, само дополнително го подгреваат гневот на граѓаните. Протести никнуваат секој ден низ Македонија, ко печурки после дожд. А, власта во овој момент и не може да си дозволи повлекување.Што би им кажале на своите верни следбеници после тоа? Тоа дури ни оние од она чудното движење не би можеле да го заташкаат. Ние имавме среќа што минатата година Пленумците го активираа будилникот. Не смее да се заборави на нив. На улица сме заедно. Ко пред една година кога почнаа Студентските протести. Тоа се умни деца, чест ми е што ги знам и што ми се соборци. Многу сум горда на нив што се политички освестени. Знаат што им припаѓа и ги користат сите демократски алатки да се изборат за своите права”-нагласува Спировска.
Додека Специјалното јавно обвинителство на виделина ги извади случаите на криминали и корупција во владините редови, кај граѓаните се почесто се поставува прашањето, кога вакви криминали и тортури се правеле врз бизнисмени, што останува за обичниот човек? Младата актерка очекува подобрување на општествено-политичката клима.
“Ако се случат избори на 5ти јуни, без спроведување на Пржинскиот договор( кој за жал е веќе мртов), изборите секако ќе бидат и криминални и нелегитимни. Во борбата против криминалното владеење на ФАМИЛИЈАТА не е важно кој е бизнисмен, а кој не. Сите сме жртви, сите сме заложници. Помина долго време од првите бомби и во моментот кога се чинеше дека се’ ќе се заборави зовре гневот на луѓето. Овие денови расте надежта, а не сомнежот. Сите заедно учиме да се бориме против истото зло, а притоа да ги почитуваме нашите ралични ставови. Мора да има подобрување на политичката клима. Исто така мора и да не забораваме. После ова политичко будење очекувам да бидеме посвесни и пркосни, на сите политичари да им дишеме во врат, за ова никогаш да не се повтори. Да живее ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА!”-порачува актерката Симона Спировска.
С.Б.

Слично