Економија, финансии, бизнис

Контакт

Симнати натписите од рестораните „Мекдоналдс“

Симнати натписите од рестораните „Мекдоналдс“
Денеска почнаа да се симнуваат натписите и трговски марки од рестораните на „Мекдоналдс“,  под притисок од централата  по спорното раскинување на договорот за франшиза меѓу „Мекдонландс“ и македонскиот носител на франшизата компанијата „СЈ“која останува решена повторно да ги активира македонските ресторани.

Од компанијата  најавија и  дека сите вработени ќе останат згрижени, а проблемот со раскинувањето на договорот очекува да биде надминат за три до четири месеци.

- Се обидуваме низ институциите на системот да ги разрешиме проблемите. Разрешувајќи ги проблемите, не би сакал вработените да страдаат заради одлуката на некој поединец. Верувам дека за кратко време ова ќе се разреши и ќе се продолжи со работа, изјави мнозинскиот акционер на компанијата „СЈ“ и сопственик на франшизата, Светозар Јаневски.

Нагласи дека договорот е еднострано прекинат, а причините, според него, се ирелевантни.

- Ние се уште имаме договор и тој трае 20 години. Бараме почитување на законите и правата. Се обидуваме во системот тоа да го докажеме, рече Јаневски.

Според него тоа што се симнати натписите не значи дека се откажале од изнаоѓање разумно решение. Јаневски  демантираше дека на местото на „Мекдоналдс“ ќе влезе друг бренд на ресторани за брза храна. И не одговори за тоа што ќе се случи со рестораните „Мекдоналдс“ во Бугарија чијшто сопственик е тој.

Седумте ресторани McDonalds беа затворени на 14 мај по прекинувањето на 15-годишниот договор за франшиза.

фото: Нетпрес

   
Слично

Поврзани вести