Силвана Бонева: Не е точно дека сум земала по 5.000 евра месечно!
Во јавноста и на социјалните мрежи се крена многу врева откако интернет порталот Инбокс 7 објави истражување според кое за 11 месеци, за патни трошоци на пратениците им биле исплатени близу 1 милион евра.
Според податоците на порталот во првите 11 месеци од минатата година за патни трошоци на пратениците им била исплатена сума од 60.302.260 денари што е околу 1 милион евра. При тоа од порталот наведуваат дека трошоците се направени во периодот од мај 2013 година до септември 2014.
Најмногу пари за патни трошоци добил пратеникот од Гевгелија, Драги Цуклев. Тој наплатил близу 25 илјади евра.
Битолските пратеници Зоран Илиовски и Љиљана Кузмановска, наплатиле по 6000, односно 18.000 евра.
На сметката на Силвана Бонева, Собранието до ноември 2014 година исплатило нешто помалку од 23.000 евра.
Роза Топузовска Каревска наплатила 4.500 евра, а нејзината сограѓанка од власта Ане Лашкоска, во првите 11 месеци лани наплатила околу 17.000 евра за патни трошоци.
На координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во 2014 година на Димовски му се исплатени 5.200 евра.
За патни и дневни трошоци за пратеници и службите, Собранието на располагање годинава има дополнителни 813 илјади евра.
