Силувани три малолетнички во Битола
Притворен е шеесетгодишен битолчанец, кој се сомничи за полов напад на три малолетни девојчиња.
Во детскиот парк на битолското Градско шеталиште, напаѓачот ги сретнал двете сестри и нивната другарка, сите на возраст од 10 до 12 години. Тој со пари ги намамил да влезат во неговиот автомобил, а после тоа ги силувал.
- Со неговото патничко моторно возило ги зел двете сестри и нивната мололетна другарка, ги однел надвор од градот, во околно битолско село, каде врз сите три извршил друго полово дејствие. Постои основано сомнение дека пријавениот извршил кривично дело „полов напад врз дете кое не неаполнило 14 години“. Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор до 30 дена, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
На старецот му се заканува казна затвор од 1 до 10 години.
