СИЛНО СЕ СТРЕСЕ ТИРАНА: Повеќе потреси регистрирани во Албанија
Потрес со јачина од 4,7 степени попладнево е почувствуван во Тирана во Албанија.
Се стресоа и Драч и Каваја.
Според албанските медиуми епицентарот на земјотресот бил на планината Рогозина на длабочина од 5 километри, a потресот бил на длабочина од 10 км.

Земјотресот ги исплаши жителите на албанскиот главен град кои веднаш ги напуштиле објектите во кои престојувале.
Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени луѓе.
Денот помина со серија потреси.
Од 4 јули досега во земјата имало неколку стотици земјотреси, а најсилниот беше на 4 јули кога беа измерени 5,1 степени според Рихтер.Земјотреси денеска имаше во Франција, Грција, Италија, Романија, Иран.
Слично
