Силно невреме во Прилеп, сепак „Пиво-фест“ ќе тече нормално
Силно невреме во попладневните часови го зафати градот Прилеп.
Од дождот кој наврна е поплавен половина од плоштадот и прилепскиот „Пиво-фест“.
Дождот поплави поголема површина од градскиот плоштад и предизвика проблеми на просторот каде се одржува фестивалот на скарата и пивото.
Вечерва на програмата се најавени Каролина Гочева, Хари Мата Хари, „Банг ла дескс“ и „Самостални референти.
Од општина Прилеп преку соопштение испратено до медиумите информираат дека поплавата е санира и дека програмата на „Пиво-фест“ вечерва ќе се одвива според планираното.
Слично

