Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силно невреме ја зафати Далмација

Силно невреме ја зафати Далмација

Невреме попладнево зафати делови од Хрватска. Погодено е поширокото сплитско подрачје. 

Имаше сериозни проблеми во сообраќајот, патиштата беа под вода, а авионот на Кроација ерлајнс кој летал од Минхен за Сплит не можел да слета поради невремето.

Врнеше дожд во областа Трогир, Чиово и Солта. За помалку од еден час наврнале 20 или повеќе литри дожд на метар квадратен, а на некои места имало и поројни поплави, пишуваат хрватските медиуми.

Невремето им направи проблеми на патниците од авионот на Кроација ерлајнс кој полета од Минхен во 14 часот и 25 минути. Поради силна бура со грмотевици во областа Сплит, авионот прво го обиколи островот Вис, а потоа тргна кон Задар, каде што слетаа патниците. Невремето го напушти сплитското подрчаје до 18 часот и ги зафати областа Имот и јужна Далмација. И вечерва ќе има врнежи од дожд. 

Слично

Поврзани вести