Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА: Над 55.000 удари од гром – грмотевици и ветрови во многу области

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА: Над 55.000 удари од гром – грмотевици и ветрови во многу области

Страшно невреме проследно со обилен дожд, грмотевици и опасни налети на ветер ја погодија вчера Грција, при што на удар беа северните делови од земјата, но и главниот град Атина и нејзините предградија. Во налетот на овој силен циклонскиот бран направена е штета на инфраструктирата и проблеми во сообраќајот.

Како што пишува грчкиот весник „Катимерини“, врнежните од дожд предизвикале сериозни проблеми во центарот на Атина и во Пиреја, каде од силниот ветер паѓале кровови и скелиња од згради, а сообраќајот бил во прекин на некои од улиците во градот.

Грчките противпожарни служби добиле над 150 повици за испумпување вода од поплавени објекти, како и за други интервниции, од кои речиси 60 се однесувале на проблеми и штети предизвикани од невремето во Атина.

Во попладневните часови на удар на невремето биле делови од централна и северна Грција, а силни бури во утринските часови биле регистрирани во Јонското Море.

Особено критично било на Олимп каде силен град и снег ја прекриле планината во бело, додека удар од гром предизвикал пожар во Волос.

Стравотни снимки што ги објавуваат грчките медиуми, но и граѓани на социјалните мрежи сведочат за силината на невремето во различни делови од земјата.

Како што пишуваат тамошните медиуми, „небесата се отвориле“ и во Ламија, а доста погодена била и западна Фтиотида, каде силниот град предизвикал сериозни штети во околните села каде има доста овоштарници.

Според извештаите, 15-минутниот силен дожд и град биле доволни да предизвикаат сериозни проблеми во сообраќајот на националниот автопат и покраинската мрежа.


Фото: притнскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести