Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силно лоби стои зад царините на Приштина?

Силно лоби стои зад царините на Приштина?

За разлика од Србија, Македонија и БиХ многу повеќе се погодени со мерките на Приштина. 

Ова го изјави за ТВ Прва  српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации,  Расим Љаиќ. 

Тој за среда го најави состанокот со министрите од Македонија и БиХ во Белград за решавање на проблемот со воведувањето на „заштитните мерки“ на Косово за увоз на одредени видови на овошје, зеленчук и пченка. 

Вели дека Белград „не е матиран“ со оваа одлука, а со цел решавање на проблемот „кој е комбинација на политиката и на интересни лоби групи“, со министрите од регионот ќе и се обратат на Европската комисија.

„Ова одлука на Приштина е под силно влијание на интересно лоби на кое ниту политичарите не можат да му се спротивстават и таа преставува континуитет на повеќе мерки кои Приштина веќе ги има превземено, а помеѓу останатото тие се однесуваат и на увозот на градежни блокови“- рече Љаиќ.

Сведоци сме на исти мерки на акцизи на увоз на брашното, кои ги издејствуваа трите најголеми млинари на Косово, рече министерот. 

„Србија ќе продолжи да ја притиска Европската комисија, иако немаме премногу механизми.Министерот за трговија на Косово порача дека ги чека контра мерките бидејќи знае дека ништо не извезуваат“ - посочи Љаиќ, додавајќи дека сите ќе изгубат во царинската војна.

Љаиќ оцени дека со оваа одлика на Приштина се крши договорот на ЦЕФТА. Според него, од секретеријатот на ЦЕФТА не може премногу да се очекува во решавањето на проблемот. 

Слично

Поврзани вести