Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силниот франак ги израдува и борделите

Силниот франак ги израдува и борделите

Сопствениците на јавните куќи во пограничните делови на Швајцарија се задоволни поради растот на прометот по растот на франакот.

Одлуката на Швајцарската централна банка за повлекување од поврзувањето на франакот со еврото ги израдува јавните куќи во швајцарското сосетсво, посебно во Франција и Германија, бидејќи нивниот промет значително се зголеми, а швајцарските клиенти сега сочинуваат половина од вкупните посетители, пишува швајцарскиот весникот 24 часа.

Клиентите од Швајцарија не се решаваат да патуваат манлку подалеку, возејќи се и два часа, зашто услугата на борделот ќе ја платат помалку, така да на паркинзите пред овие клубови во пограничните зони доминираат автомобили со швајцарски регистарски таблички, наведува весникот 24 часа.

Јавните куќи во Швајцарија внимателно ја следат ситуацијата. Некои од нив не пријавуваат пад на прометот, други се одбиваат да ги обелоденат податоците, додека веќе неколку клубови се одлучиле да понудат попуст „поради силната домашна валута“.

 
Слично

Поврзани вести