Силни земјотреси го погодија Крит
Два силни земјотреси со јачина од над 5 степени по Рихтер имаше во близина на грчкиот остров Крит.
По земјотресот од 5,7 степени што ноќта го потресе островот, чиј епицентар бил во морето недалеку од брегот, во 17:47 часот е регистриран нов земјотрес со јачина од 5,2 степени. Дури и во некои египетски градови се почувствувани земјотресите. На Крит скоро секој ден има слаби потреси.
Слично
