Силна детонација ги вознемири жителите на Митровица
Експлозија имаше на Косово. Во Северна Митровица попладнево одекнала силна детонација. Локалната полиција објави дека најверојатно се работи за експлозија на бомба. Полицијата тврди дека нема повредени. Материјална штета нема, а полицијата истражува за што се работи.
Со недели има тензии на Косово. Косовските Срби се на барикадите откако косовската полиција го уапси Дејан Пантиќ. Сепак, премиерот на Косово, Албин Курти вели дека нема долго да ги толерираат барикадите.
Слично
