Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ ВОДЕШЕ ОД СТРУЧНОСТА: Трајко Славески го преложи за нов гувернер

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ ВОДЕШЕ ОД СТРУЧНОСТА:   Трајко Славески го преложи за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од кабинетот. 

Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

Toj e редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ. 

Славески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и има учествувано во изработката на програмските документи на партијата.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангелоска- Бежоска завршува денеска, но според законските одредби, фунцијата ќе ја извршува до изборот на новиот гувернер. Нејзината работа во изминатите седум години е оценета како успешна.

Слично

Поврзани вести