Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЈАН МИХАЈЛОВСКИ НА МЕСТОТО НА ГОРАН ЈОКСИМОВИЌ - еве какви промени има во Фабрика Карпош

СИЛЈАН МИХАЈЛОВСКИ НА МЕСТОТО НА ГОРАН ЈОКСИМОВИЌ - еве какви промени има во Фабрика Карпош

Градежната компанија Фабрика Карпош има промени во раководните органи. Избран е нов претседател на Управниот одбор, а досегашниот останува да биде член на овој орган на управување. 

Нов прв човек на компанијата ќе биде Силјан Михајловски, кој доаѓа на местото на Горан Јоксимовиќ, кој е разрешен од претседател, но ќе продолжи да членува во УО.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Со одлука на Надзорниот одбор на фабрика КАРПОШ АД СКопје од 08.11.2022 година е донесена одлука со која е разрешен досегашниот Претседател на УО, Горан Јоксимовиќ и истиот останува за член на Управниот Одбор и со одлука е именуван за Претседател на УО лицето Силјан Михајловски. Промената е одобрена од страна на Централниот Регистар на СРМ и истата е со важност од денес 14.11.2022 година“, се вели во соопштението од компанијата до инвеститорската јавност во земјава.

Фабрика Карпош АД Скопје е друштво за проектирање, производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести