Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силиври: Откриена илегална фабрика за производство на цигари

Силиври: Откриена илегална фабрика за производство на цигари

Илегална фабрика за производство на цигари е откриеба во полициска операција во истанбулската општина Силиври.

При извршениот претрес, меѓу останатото, биле запленети приближно 10,8 милиони цигари, големи количества филтри за цигари, приближно пет тони тутун и околу 5.000 пури.

Полицијата шривела 14 под обвинение за илегално производство на тутунски производи. Според турската полиција, меѓу приведените е и лидерот на групата, идентификуван со иницијалите О.Ч.

Истрагата била преземена по пријава, врз основа на која се спроведени паралелни полициски акции во Силиври и во неколку истанбулски населби.

Полицијата се сомнева дека тутунот групата го шверцувала од Бугарија или го набавувала од источните турски региони.

Слично

Поврзани вести