Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес во Турција урна згради и повреди луѓе

Силен земјотрес во Турција урна згради и повреди луѓе

Повеќе од пет лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени кој денеска го погоди градот Самат во југоисточна Турција.

Епицентарот на потресот бил во регионот на Самат во провинцијата Адијанам, а по него уследиле уште четири послаби потреси од кои два со јачина од 4,2 и 4,4 степени. 

Земјотресот, регистриран во 13.07 часот по локално време  бил на длабочина од 10 километри и се почувствувал и во окрузите Газиантеп, Килис, Батман и Шанлијурфа.

Урнати се неколку згради, меѓу кои и едно училиште и резиденцијата на градоначалникот и локалниот гувернер. 

При уривањето на објектите никој не е повреден. Земјотресот предизвика паника меѓу населението. 

Мештаните излегоа на улиците исплашени за своите животи. 

Слично

Поврзани вести