Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА: Се стресе цела Далмација

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА: Се стресе цела Далмација

Силен потрес со јачина од 4.8 степени попладнево ја стресе Хрватска.

Земјотресот се случи во 18 часот и 43 минути. Го почувствувале луѓето во цела Далмација, во околината на Задар и во делот на Лика. Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Засега нема информации за штети или повредени. Граѓаните пријавиле силно тресење на тлото, а според очевидци многумина во паника истрчале од своите домови.

Деновиве земјотреси го тресат и грчкиот остров Санторини, поради што се повлече морето во Измир во Турција за повеќе од 200 метри. 

Слично

Поврзани вести