Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес во Грција, се тресеше и Македонија

Силен земјотрес во Грција, се тресеше и Македонија

Земјотресот во Грција бил со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Европскиот сеизмолошки центар го промени интензитетот, откако претходно соопшти дека потресот бил со јачина 5,6 степени според Рихтер.

Земјотресот е почувствуван во 8,10 часот утринава со епицентар на 25 километри западно од Лефкада, на 95 километри југоисточно од Керкира, главниот град на островот Крф и на 279 километри јужно од главниот град на Албанија - Тирана, со длабочина од 10 километри, соопштија од Европскиот сеизмолошки центар.

Засега нема податоци за настрадани или материјални штети.

Граѓаните кои се наоѓаат на околу 30 километри од епицентарот објавиле дека потресот се почувствувал многу силно. Земјотресот е почувствуван во Атина како прилично јак, како и во Подгорица.

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макро-сеизмичка скала утрово беше почувствуван и во повеќе градови во Македонија во 8 часот и 10 минути.

Земјотресот е почувствуван и во Софија, која се наоѓа на 499 километри североисточно од епицентарот во Грција. Граѓани од Софија соопштија дека го почувствувале на 15-тиот кат во стан, а потресот траел околу 20 секунди.

Секундарен земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран по силниот земјотрес со интензитет од 6,1 крај островот Крф во Грција.

Според геофизички институт на САД земниот земјотрес во Грција е со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала.

Слично

Поврзани вести