Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес во Егејско Море потресе неколку острови

Силен земјотрес во Егејско Море потресе неколку острови

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска околу 8 часот, кај грчкиот остров Нисирос во Егејското Море. 

Епицентарот е лоциран на 23 километри југозападно од островот, на длабочина од 105 километри. Потресот е почувствуван на островите Кос,Тилос и Астипалеа. Нема информации за настрадани и материјални штети.

Според податоци на Европскиот средоземноморски сеизмички институт, јачината на потресот била 5,5 степени по Рихтер.

Утрово земјотреси имаше и на Кипар, во Турција, Италија, и Германија. 

Освен земјотресот во Егејско Море, сите други потреси се послаби од 2 до 3.3 степени. 



Слично

Поврзани вести