Силен земјотрес стресе грчки остров
Потрес од 4,5 степени денеска е регистриран во реонот јужно од островот Крит во Грција.
Грчката национална опсерваторија соопшти дека епицентарот на потресот бил на морското дно јужно од градот Јерапетра.
Како што јави АНА-МПА, само пет минути по овој земјотрес, во истиот регион бил регистриран уште еден потрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер.
Земјотреси денеска имало во Франција, Иран, Албанија, Турција, Италија.
Слично
