Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени во близина на Кипар, граѓаните на Никозија во паника излегоа на улиците
Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Средоземното Море кај западниот брег на Кипар, соопшти Американскиот сеизмолошки институт. Според првите информации нема податоци за жртви и не е причинета материјална штета.
Земјотресот се случил во 3.07 часот по локално време, на длабочина од 19 километри и на 48 километри од градот Полис.
Земјотресот бил почувствуван на многу места на островот.
Во главниот град Никозија, на 130 километри од епицентарот, некои жители во паника излегоа на улиците.
Foto: usgs.gov
Слично
