Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес регистриран во Грција

Силен земјотрес регистриран во Грција

Земјотрес од 4,9 степени е регистриран меѓу грчките острови Родос и Карпатос.

Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија во Атина, бил 46 километри североисточно од островот Карпатос.

Во морскиот дел меѓу грчките острови Родос и Карпатос, во 14.58 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, jави дописничката на МИА од Атина.

Засега, нема информации за штети од земјотресот.

Слично

Поврзани вести